Forvis Mazars - Комплетна трансформација на деловен простор во Скопје

Forvis Mazars е водечки снабдувач на услуги за ревизија, даноци, советување и консултантски услуги ширум светот. На прв поглед, Forvis Mazars e глобален лидер во ревизорски и уверувачки, даночни, советодавни и консултантски услуги.

Идентитетот на брендот Forvis Mazars е повеќе од само име или лого – тој ја раскажува нивната приказна. Тоа е ветување кон пазарот: секогаш да гледаат напред за своите клиенти, луѓе и заедници на кои им служат низ целиот свет. Forvis Mazars отсекогаш останал верен на вредностите на основачот – длабока етичка посветеност, одговорност и верување дека техничката извонредност е клучот до успехот.

За своите канцеларии во Скопје, беа ангажирани Круг-Шт Инженеринг со јасна цел: да создадеме работен простор кој е пријатен, отворен и погоден за соработка. Простор со чист дизајн, каде секој квадратен метар е важен, со можност за комбинирање на индивидуални работни места со тимски состаноци, и со чувство на флуидност и пријателство кое поттикнува силни врски меѓу вработените.

Од постоечка состојба до нова реалност

Просторот од 216 м² бараше целосна трансформација. Нашата улога беше сеопфатна:
• Проектирање на ентериер со модерен и функционален дизајн
• Целосно реновирање на канцеларии и заеднички простори
• Изведба клуч на рака со координација и управување на целиот процес

Со тоа, постоечкиот објект го претворивме во работна средина која е:
✓ Функционална – оптимално искористување на секој квадратен метар
✓ Модерна – светли и отворени простори кои внесуваат енергија
✓ Топла и колегијална – средина што поттикнува тимски дух

ЛОКАЦИЈА
Скопје
ГОДИНА
2022
ПОВРШИНА
216 м²
ПРОЕКТ
Ентериер на деловен простор
Инвеститор
Forvis Mazars
Сподели

Просториите кои ја носат приказната

Влезен хол – првиот впечаток што клиентите и партнерите го добиваат, затоа креиравме:

✓ Чист и модерен дизајн кој го одразува глобалниот идентитет на Forvis Mazars
✓ Пријатна атмосфера што инспирира доверба и професионалност
✓ Простор со јасен акцент на функционалност и естетика

Океански работен простор (93.87 м²) – Како срце на канцеларијата, „Океанот” е дизајниран да обезбеди:

✓ Простор за заедничка работа и брза комуникација
✓ Флексибилен распоред кој максимално го користи секој квадратен метар
✓ Светла и чиста естетика што внесува енергија и инспирација

Со површина од 93.87 м², овој простор овозможува тимот на Forvis Mazars да работи во динамична и пријателска средина, каде што соработката и продуктивноста одат
рака под рака.

Директорски канцеларии – елегантен и професионален амбиент

Во овој проект создадовме простор кој ја одразува лидерската улога и професионалниот идентитет на компанијата. Комбиниравме:
✓ Дрво во две нијанси – топлина и длабочина во ентериерот
✓ Метални црни полици – современ контраст и индустриски шмек
✓ Минималистички дизајн – чисти линии и префинета функционалност

Оваа канцеларија не е само работно место – таа е амбиент што внесува престиж, сигурност и инспирација.

Сала за состаноци – простор за размена на идеи и тимска динамика

Во рамки на проектот за Forvis Mazars, салата за состаноци ја замисливме како многу повеќе од просторија за формални средби. Таа е:
✓ Динамичен центар за размена на идеи и тимска работа
✓ Топла и пријатна атмосфера која поттикнува доверба и отворена комуникација
✓ Функционален простор кој лесно се адаптира за брзи состаноци, тимски дискусии или презентации

Со комбинација на внимателно избрани материјали, светлина и распоред, создадовме простор што ја одразува културата на соработка и напредок која Forvis Mazars јa негува.

Кујна – well-being зона за пауза, дружење и инспирација

Во дизајнот на канцелариите на Forvis Mazars, кујната jа осмисливме како повеќе од место за оброк. Таа е:
✓ Агол за пауза и инспирација – пулт со високи столици за брзо кафе и размена на идеи
✓ Простор за споделување – маса за седење што создава чувство на пријатност, далеку од класична менза
✓ Флексибилен амбиент – каде што на нога може да се роди блиц идеја или да се сподели момент со колегите

Со тоа овозможивме кујната да стане социјална точка во канцеларијата, место за неформална интеракција, енергија и нови идеи.

Во целина, овој дел е заокружен со функционални и модерни тоалети кои го дополнуваат концептот на удобност и практичност.

Резултатот

Деловниот простор на Forvis Mazars денес е пример за тоа како внимателно проектирање и изведба може да создадат средина која го поддржува идентитетот на компанијата, продуктивноста на тимот и позитивната работна атмосфера.

Трансформација што раскажува приказна – Forvis Mazars, Скопје

За нас во Круг-ШТ Инженеринг, секој проект е повеќе од дизајн – тоа е создавање простор кој ја пренесува визијата и вредностите на компанијата.

Со глобалниот лидер во ревизија, даноци и консалтинг – Forvis Mazars, ja имавме честа да работиме на комплетна трансформација на нивниот деловен простор во центарот на Скопје.

Од стар и нефункционален ентериер до современ, динамичен и инспиративен амбиент – го реализиравме целиот процес: идејно решение, проектирање, изведба и предавање клуч на рака.

Ви треба помош?

Дозволете ни низ разговор да ја разбереме Вашата визија, цели и како можеме да ги претвориме Вашите идеи во неверојатна реалност.