Проект за семејна куќа во Маврово – современ дом со поглед кон Мавровско Езеро

Во срцето на планинскиот рај Маврово, сместена на возвишена позиција со директен поглед кон Мавровското Езеро и обиколена со густа зелена шума, е проектирана семејната куќа од 155 м². Оваа куќа претставува совршен спој на архитектура и природа, каде што модерниот камен екстериер и стаклените фасади се надополнуваат со ритамот на пејзажот.
ЛОКАЦИЈА
Маврово
ГОДИНА
2023-2024
ПОВРШИНА
155 м²
ПРОЕКТ
Семејна куќа
Инвеститор
Приватен
Сподели

Дизајнот на куќата следи јасна организација: подземното ниво обезбедува технички и помошни простории, приземјето е пространа дневна зона со кујна и трпезарија поврзана со дворниот простор, додека катот е резервиран за спални соби со сопствени тоалети. Панорамските прозорци внесуваат изобилство светлина и овозможуваат постојан контакт со планинските предели и водената шир на езерото.
Стрмниот покрив ја нагласува планинската архитектура и овозможува хармонично вклопување во природната околина. Просторната тераса е место каде утринското кафе и вечерните разговори добиваат ново значење – со погледи кои секогаш одземаат здив.

Оваа куќа не е само архитектонско решение, туку и сцена за фамилијарни средби, топли семејни моменти и спомени кон остануваат за цел живот. Тука целото семејство ужива во мирот на природата и спокојот на езерото.

Ви треба помош?

Дозволете ни низ разговор да ја разбереме Вашата визија, цели и како можеме да ги претвориме Вашите идеи во неверојатна реалност.