КАРДИО ПРЕВЕНТ - современ центар за кардиоваскуларна превенција и рехабилитација во Скопје
За проектот на КАРДИО ПРЕВЕНТ, КРУГ ШТ Инженеринг изработи ентериерно решение за првиот центар за кардиоваскуларна превенција и амбулантска кардиоваскуларна рехабилитација во Македонија.
Проектот претставува трансформација на деловен простор од 108m² во
современ healthcare environment, внимателно организиран да одговори на
различните програми и активности што ги нуди центарот:
— кардиоваскуларна превенција
— амбулантска кардиоваскуларна рехабилитација
— нутриционизам и програми за намалување на телесна тежина
— програми за одвикнување од пушење
— психолошка поддршка
— кардиоваскуларна јога
— едукативни предавања и работилници
— индивидуални консултации и медицински проценка
Главната идеја во дизајнот беше просторот да не се доживува како
класична медицинска установа, туку како современ центар за здравје,
превенција и рехабилитација — место кое создава чувство на доверба,
смиреност и комфор уште при првиот контакт со просторот.
Во ентериерот доминираат природни дрвени текстури, светли неутрални
тонови и чисти минималистички линии. Просторот е организиран со
флексибилни зони кои овозможуваат различни сценарија на користење —
од кардио тренинг и индивидуални третмани, до групни едукации и
презентации.
Во процесот на проектирање, посебен фокус беше ставен на човечката
перцепција на просторот, бидејќи атмосферата, светлината и чувството на
комфор имаат директно влијание врз целокупното искуство на пациентите
и медицинскиот персонал.
Посебно внимание беше посветено на организацијата на движењето,
природното осветлување и создавањето пријатна атмосфера за секојдневен
престој и работа. Целта беше да се создаде простор кој визуелно и
функционално ќе придонесе кон процесот на превенција, рехабилитација и
подобрување на квалитетот на живот.
Проектот претставува современ пристап кон healthcare дизајнот во
Македонија, каде медицинската функција, едукацијата и wellbeing
концептот се интегрирани во единствен простор.