Елегантна едноставност
Духот на елеганцијата – Креација на минималистички простор со дрвени акценти
Овој двособен стан се наоѓа во Скопје, поточно во блокот на Градски ѕид. Она што клиентот посакуваше беше дизајн кој би креирал простор и функционалност, затоа нашата цел беше да го искористиме секој дел од просторот. Конкретно, од нас беше побарано да го трансформираме станот со две соби и да креираме повеќе простор. За да го постигнеме тоа, работевме со сè што ни стоеше на располагање за да креираме трисобен дом, со спална соба, проширен и споен простор за дневна-трпезарија, кујна и тинејџерска соба со два кревети. За да се оствари ова, беше потребно целосно да го промениме распоредот на станот и да креираме нешто сосема ново и автентично.
Почетната точка за ентериерот е минимализмот со своите чисти линии, структурни решенија и палета на неутрални тонови во дизајнот. Следствено, нашата цел беше да креираме функционален и ненатрупан простор, каде што секој елемент се дополнува со друг и нема никакви непотребни детали и елементи.
Чистите линии беа во фокус, бидејќи играат главна улога во постигнувањето на елегантна привлечност и уникатна естетика. Концептот на едноставност се зајакна со изборот на мебел и декор, ставајќи акцент на дизајни и облици од едноставен карактер. Го користевме овој вид на пристап бидејќи не само што обезбедува извонредна привлечност, туку и одлична функционалност.
Палетата на бои која ја користевме во дизајнот на ентериерот е во фокус на неутрални тонови. Неутрални бои, како бели, сиви и природни земјени тонови, се избрани поради нивните безвременски и универзални квалитети. Овие тонови креираат атмосфера на спокој и баланс, овозможувајќи им на другите елементи да се истакнат. Оваа комбинација на бои и линии беше идеална за создавање на топол амбиент во просторот на живеење.
Причината зошто се одлучивме за минимализам и концептот со неутрални бои беше за добивање на чувство на топлина во просторот. Покрај тоа, овој пристап ни овозможи да ја пренесеме функционалноста која клиентот ја посакуваше. Развивме повеќе индивидуализирани решенија – вградни плакари, комоди, кујна, елементи во трпезаријата, детската соба и спалната соба. Резултатот е хармоничен живеачки простор со успокојувачки и балансирани карактеристики.
Дневна соба – Минималистички рај за врвен комфор
Трпезарија – Компактно место за уживање во семејни собири
Кујна – Спој на минимализам и дрвени детали
Спална соба – Преплет на современ и минималистички дизајн за врвно спокојство
Тинејџерска соба – Живописна современост
Работата на овој стан бараше промислени иновации за постигнување на посакуваната естетика и функционалност. Иако проектот постави предизвици, уживавме во создавањето на одлични решенија за креирање на комфорни и удобни услови за живеење. Преку многу усовршувања, елегантни иновации и извонредно спојување на бои и тонови, успешно го трансформиравме овој простор во стан кој го посакуваше нашиот клиент.
Дали сте подготвени да го создадете својот рај на комфор? Чувствувајте се слободно да стапите во контакт со нас. Ние сме тука да ги претвориме вашите соништа во реалност!